Проблем: Аморим не може веднаш да почне со работа во Јунајтед

685

Аморим денеска нема да започне со работа во Манчестер Јунајтед, туку ќе има важен состанок со Ван Нистелрој. Новиот менаџер се уште не може официјално да започне со работа и да ги води тренинзите на тимот и покрај тоа што неговиот договор со клубот почнува денеска. Причината за ова е што 39-годишниот Португалец се уште ја нема добиено работната виза за Велика Британија. Сепак, ова е стандарден процес кој клубот ќе се обиде да го финализира што е можно поскоро.

Иако во моментов не може да води тренинзи, што не е голем проблем бидејќи повеќето играчи и онака се во кампови со нивните репрезентации, Аморим денеска ќе биде во Манчестер, каде се очекува да разговара со Руд ван Нистелрој. Холанѓанецот за последен пат ги изведе „црвените ѓаволи“ како привремен менаџер во победата над Лестер при што се уште не е јасно дали и во каква форма ќе остане во клубот, иако јасно стави до знаење дека сака да го исполни договорот како асистент.

ПретходноФлик за скандалот: Ситуацијата е јасна, судиите направија голема грешка!
СледноНови главоболки за Артета, се повреди клучниот тандем!