Трајковски: Верувам во овој тим, и во она што може да го постигне

119

Македонската фудбалска репрезентација повторно е на собир, а тема се последните два дуела од тековната кампања. Двата дуели против Летонија на 14 односно Фарски Острови на 17 ноември го закружуваат овој циклус кој за нас е успешен мора да се признае.

Први сме на табелата, имаме пред нас два меча на кои сме фаворити, играме на домашен терен и се оди во насока на тоа дека и ќе завршиме први во групата, место кое што ни дава можност да се пласираме во Б дивизијата за следниот циклус.

Еден од најискусните, и еден од оние кои оваа селекција добила многу секако е Александар Трајковски. Напаѓачот на Хајдук е оној од кого се очекува лидерство, позитивно влијание врз помладите и клучен импакт во важните мечеви.

„Убаво е да се има ваква низа на победи и тоа без пример гол. Тоа кажува само едно, дека имаме квалитет, не само да победуваме туку тоа да го правиме на добар начин. Со постигнат гол и со бранење на резултатот. Јас се надевам дека и на овие два меча кои следуваат тоа нема да се промени, напротив, ќе продолжиме со добрите игри. Ова се многу важни мечеви, можеби најважните. Јас верувам во овој тим, одсекогаш тоа сум го велел. Мора позитивно да се размислува, мора да се влегува 100% во секој меч. Квалитетот не е спорен, веруваме во себе, и тоа ќе го покажеме и на терен. – рече Трајковски, а на прашањето дали публиката и домашниот терен е клучен за овие два меча тој додаде. 

„Секогаш е добро да се игра на домашен терен, како за нас, така и за публиката, оние кои ќе се решат да не поддржат. Нема подобра шанса од мечот со Фарски за да го завршиме овој циклус на најдобар можен начин“ – рече искусниот напаѓач.

ПретходноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 14.КОЛО: Вардар го најде “пато“ за Шкупи