Сега е потврдено: Ван Нистелрој си оди од Манчестер Ј.

259

Руд ван Нистелрој заврши со Манчестер Јунајтед. Холанѓанецот летово беше ангажиран како асистент, по што застана на чело на тимот по отказот на Ерик тен Хаг на крајот на октомври. Иако навивачите инсистираа тој да остане и во новиот стручен штаб на Рубен Аморим, тоа нема да се случи.

Веста не е големо изненадување, бидејќи Рубен Аморим донесе свој персонал во клубот. Манчестер Ј. ќе го напуштаат и Рене Хаке, Желе тен Рувелар и Питер Морел.

48-годишниот Руд ван Нистелрој постигна 150 гола на 219 натпревари кога поранешниот напаѓач играше за клубот. Под водство на Холанѓанецот, „ѓаволите“ имаа три победи и едно реми.

ПретходноНема кој да ги запре: ТФТ славеа и против Работнички во „Кале“ (ФОТО)
СледноРепрезентацијата го одржа првиот тренинг пред двомечот со Летонија и Фарски О. (ФОТО)