Дури осум играчи и откажаа на Англија

286

Следните десет дена се резервирани за репрезентативната пауза, а некои екипи имаат сериозни проблеми, особено тоа е случајот со Англија, на која дури осум играчи не дојдоа на собирот.

Трент Александар-Арнолд, Кол Палмер и Деклан Рајс се последните играчи кои се повлекоа од репрезентацијата на Англија за претстојните натпревари во Лигата на нации.

„Трите лава“ ќе играат против Грција овој четврток пред да се вратат на Вембли три дена подоцна за да се соочат со Ирска, но ќе останат без осум клучни играчи за тие натпревари.

Александер-Арнолд беше заменет во 25. минута во победата на Ливерпул од 2-0 против Астон Вила во саботата, иако Арне Слот се надева дека повредата не е сериозна.

Дуелот ќе пропушти и дуото на Арсенал Букајо Сака и Рајс. Фил Фоден и Џек Грилиш исто така отпаднаа, а Пеп Гвардиола ја изрази својата фрустрација од повикот на Грилиш откако тој не се ни настап за натпреварот со Брајтон.

Од списокот со 28 имиња се повлекоа и Арон Рамсдејл од Саутемптон и Леви Колвил од Челзи.

ПретходноПелистер по реванш во Сомбор: Лекцијата ја научивме!
СледноКако утеха за поразот, Пешевски во одбрано друштво (ВИДЕО)