Раул ќе ја води Србија до 2028 година

561

Трофејниот ракометен тренер Раул Гонзалес и официјално ќе биде селектор на репреентацијата на Србија. Тој потпиша четиригодишен договор со цел, да ја одведе Србија на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес.

Раул секако дека може да се гордее што во својата биографија има титула со РК Вардар Европски шампион во 2017 година, а вкупно на своето конто има 24 трофеји.

Последно е дел од тимот на ПСЖ. Интересно е што првиот дуел на Србија под водство на Раул Гонзалес ќе биде токму против Шпанија во март. Во таборот на нашиот северен сосед имаат големи очекувања од искусниот стратег кој пак има секако и што да понуди. Ракометот во Србија е во релативно голема криза, од што и произлегуваат честите смени на селектори.

ПретходноЗајков: Летонија е сериозен ривал, резултатот од првиот меч не смее да не залаже
СледноЈамал доби златен ајфон од 12.000 евра