Македонската фудбалска репрезентација во засилен ритам се подготвува за претстојните два последни меча од Лигата на нации. „Црвено-жолтите“ на тренинг центарот на ФФМ ја подготвуваат стратегијата за првиот дуел со Летонија в четврток, но размислуваат и за она што ги очекува в недела против Фарските острови.
Вечерва беше одржан уште еден од планираните тренинзи, а веќе утре селекцијата се сели и на Националната Арена каде ќе се одржи официјалниот последен тренинг пред дуелот во четврток.
 
                
 
                             
                             
                             
                             
                             
                             
                             
                             
                             
                            








