Избраниците на селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, вечерва го одработија официјалниот тренинг на Националната арена пред утрешниот дуел со Летонија во Лигата на нации. Селекторот и неговите соработници веќе ги прават и последните тактики подготовки за утрешниот меч во кој посакуваме нова победа за потврда на врвот на табелата во групата.
На вечерниот тренинг не тренираше Висар Муслиу, кој како што кажа и Милевски на собирот, нема да може да помогне на средбите со Летонија и Фарските острови поради повреда.