Македонија веќе може да го слави пласманот во Б Лигата на Нации

794

Победата на Фарски Острови над Естонија на гостински терен од 0-1, за многумина изненадувачка, за македонската фудбалска репрезентација значи и дефинитивно пласман во Б Лигата на Нации.

Македонија пред вечерашниот меч против Летнија има недостижни четири бода предност во однос на Фарски Острови и шест пред Ерменија.

Останува нашите момци да запишат нова победа на Арената „Тодор Проески“ и да продолжат во победнички ритам. Последен противник во групата 4 е селекцијата на Фарски Острови која гостува во недела.

ПретходноЕдиствената репрезентација која успеа да и земе бод на Македонија – победнички доаѓа во Скопје
СледноОчајна посета на Арената