Сон останува во Тотенхем до 2026 година

31

Една од иконите на Тотенхем во последната деценија, Кореецот Хеунг-Мин Сон ќе го продолжи договорот со лондончани.

Договорот на јужнокорејскиот фудбалер со лондонскиот клуб беше со важност до крајот на оваа сезона, а според информациите Спарс ќе ја активираат опција која автоматски ќе го продолжи на уште една година.

Самиот напаѓач сака да остане во својот сегашен тим и веднаш прифатил ново обновување на соработката. Во тековната сезона во Премиер  лигата, Сон одигра 8 натпревари, на кои постигна 3 гола и 3 асистенции.

ПретходноПрекин во Куманово: Навредливи скандирања и пиротехника на терен
СледноАлкалоид фуриозно во Охрид за максимални „11 од 11“