Почна „ерата“ на Раул Алонсо во Битола (ФОТО)

121

Од денеска тимот на Пелистер и официјално е под „палката“ на Раул Алонсо. Шпанецот кој треба да внесе подобар стил на игра во редовите на актуелниот македонски првак, а со тоа и да ги исполни амбициите на раководството на клубот денеска го одржа првиот тренинг.

Алонсо има за задача да ги освои двете домашни титули, но и во остатокот на сезоната во Лигата на шампионите, Пелистер да игра на многу повисоко ниво. Прва шанса за тоа ќе има во среда против Фредериција, тим против кого битолчани славеа на гостински терен.

ПретходноФлик е директен, фудбалер на Барса во јануари ги пакува куферите
СледноПолувреме: Македонија – Фарски О. без голови, најдобрата шанса за Алими