Ракометарките стартуваат со мисијата ЕП 2024!

69

Македонската женска ракометна репрезентација денеска и официјалн стартува со подготовките за Европското првенство кое ќе се одржи во Австрија, Унхарија и Швајцарија. „Црвено-жолтите“ се во групата А заедно со селекциите на Шведска, Унгарија и Турција, мечевите ќе ги играат во Дебрецин.

Селекторот на нашиот национален тим, Кристијан Грчевски за континенталното натпреварување повика 21-ракометарка, а собирот го закажа денеска рано наутро во Факултетот за физичко обрзование.

Грчевски и неговите избранички во изминатиот период одиграа пет контролни натпревари и сите пет ги загубија. Останува до стартот, поточно првиот меч против Шведска закажан за 28 овој месец да ги корегираат сите недостатоци и да изгледаат коконурентно на теренот.

Македонија вториот меч на ЕП го игра на 30 ноември против Турција, додека во последната средба од групната фаза за противник ја има селекцијата на Унгарија, дуелот се игра на втори декември.

ПретходноНовак Ѓоковиќ продолжува да тоне на АТП-листата
СледноЛазаров: Драго ми е што со 90% наши македонски играчи во составот успеваме да се носиме со далеку поискусни екипи!