Платини е против ВАР, би го оставил на сила само за една работа

147

Легендата на светскиот фудбал Мишел Платини не е толку заљубен во користењето на системот за видео асистент на судија – ВАР.

„Јас сум против ВАР. Би го оставил на сила само за офсајд, а прекршувањата и се останато би оставил на дискреција на судиите“, коментира поранешниот прв човек на УЕФА.

69-годишниот Платини исто така призна дека повеќе не го следи својот поранешен тим Јувентус, оправдувајќи го фактот дека натпреварите од Серија А не се пренесувале во неговата татковина.

ПретходноМагдевски отпадна за првиот дуел против Литванија
СледноЈончевски: Ова се двата најважни мечеви во овие квалификации