Евролигата ќе го има најголемото дерби во полн сјај: Црвена Звезда на Партизан му додели 1000 влезници

631

Со почеток во 20:00 часот во четврток, Евролигашкото дерби во белгдарската Арена ќе го одиграат вечните ривали, Црвена Звезда и Партизан.

Како најава за овој мега спектакл доаѓа информацијата дека домаќинот Црвена Звезда одлучи на гостинот Партизан да му додели 100 влезници, што е секако потег за поздрав.

Од Звезда овој потег го објаснуваат со фактот што дербито со децении е настан број еден и секако дека таа традиција мора да се одржи. Секако истиот е базиран на моментот на реципроцитет односно кога Партизан ќе биде домаќин на дербито во јануари и Звезда да добие исто толку билети.

 

ПретходноРоманците со инфо директно од УЕФА: Ќе има драконски казни за Косово
СледноДивац е виновникот што Јокиќ и Дончиќ сега не играат заедно во Денвер?!