МКК Куманово со реакција: Се оградуваме од немилиот настан на мечот со Феникс 2010!

87

По се она што се случуваше за време на мечот меѓу МКК Куманово и Феникс 2010, раководството на кумановскиот клуб денеска излезе со реакција или соопштение во кое го осуди немилиот настан, но и се огради од истиот кој беше предизвикан од страна на своите навивачи:

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

СООПШТЕНИЕ

МКК Куманово АД ја информира јавноста дека се оградува и го осудува немилиот настан од 16.11.2024 год. на натпреварот помеѓу МКК Куманово АД и екипата на Феникс 2010 од Скопје на натпреварот од 7 – то коло од првата ,,М- ТЕЛ” машка кошаркарска лига.

Имено, на натпреварот во втората четвртина се случи немил настан предизвикан од страна на група на навивачи каде на 01 минута и 40 секунди пред крајот на втората четвртина при водство на домашната екипа ( 35:33) беше фрлена димна бомба, беа запалени 2 факела, беа фрлени 2 петарди, петарда со топовски удар, искорната е пластична столица од трибините и истата е фрлена на терен, беа искршени и фрлени и заштитни делови од оградата.

Во текот на натпреварот имаше неспортско следење на натпревар, неспортско скандирање и однесување, користење на скандалозни содржини со етнички, верски и вандалски примеси.

Натпреварот после паузата продолжи без публика и нашата екипа успеја да извојува победа.

МКК Куманово АД не подржува и никогаш нема да поддржи вакво вандалско однесување, неспортско скандирање, повреда на етничка , верска или било каква друга основа на спортски натпревари и било каде и никогаш нема да оправдаме оштетување на имот и оштествен и приватен.

Бараме од надлежните институции во согласност со законските прописи да ги превземат сите неопходни мерки и чекори и се надеваме дека во иднина нема да се повторуваат вакви настани.

ПретходноДивац е виновникот што Јокиќ и Дончиќ сега не играат заедно во Денвер?!
СледноШокантно: Обрадовиќ доби отказ!