Џими Батлер никогаш не пропушта да ја потсети Филаделфија што загуби. Неговиот Мајами на домашен терен славеше со убедливи 106-89, а токму Батлет беше лидер во победничките редови. Зад неговото име запиша 30 поени после враќањето од повредата.
Мајми лесно ги доби Сиксерс, кои постигнаа само 89 поени, а Ембид третпат оваа сезона постигна само 11 поени. Пол Џорџ имаше 18 поени.
Лилард го реши мечот против Хјустон, Бакси победија на четири секунди до крајот, со кош од полагање успеа да му донесе предност на својот тим, поточно го постави конечниот резултат 101-100. Лилард мечот го заврши со 18 поени, додека Лопез и Адетокумбо имаа дабл-дабл, првиот од 27 поени и 10 скока, додека вториот од 20 поени и 13 скока.
За Мајами ова беше шести триумф и со седум порази се наоѓа на седмото место во Источната конференција, додека пак е 14-та со две победи и 11 порази.
Милвоки 11 на табелата во Истокот со пет победи и девет порази.
Детроит – Чикаго 112:122
Мајами – Филаделфија 106:89
Њујорк – Вашингтон 134:106
Торонто – Индијана 130:119
Милвоки – Хјустон 101:100
Феникс – Орландо 99:102
Сакраменто – Атланта 108:109
ЛА Клиперс – Голден Стејт 102:99