Од Барса со потврда: “Да, имавме понуда од 250 милиони евра за Јамал, но ја одбивме“!

106

Она што меѓу редови пред неколку месеци го најави првиот човек на Барселона, Хоан Лапорта, тоа деновиве и официјално го потврди неговиот прв соработник, Енрике Масим, кој по функција е потпретседател на каталонската гордост:

Да, имавме понуда вредна 250 милиони евра за Ламине Јамал. Јас нема да го кажам името на клубот, но ќе кажам дека дојде од клуб од Франција, а вие ќе знаете за кого станува збор“ посочи Масим.

Секако дека таа понуда дошла од ПСЖ, тој е единствен клуб од Франција кој може да издвои толкава сума.

Секако дека истата ја одвбивме а дојде непосредно пред почетокото на ЕУРО 2024“ дополни вториот човек на Барселона.

Во случај да ја прифатиле таа официјална понуда од ПСЖ за Јамал, тогаш Барса ќе го урнеше светскиот рекорд. Да потсетиме дека тој изнесува 222 милиони евра кога клубот од Каталонија за тие пари го продаде Нејмар токму во ПСЖ.

ПретходноСтефан и Адеми на тренинг: Админот прашува – пронајдете ја разликата? (ФОТО)
Следно“Не си ти виновен, вината е кај мене зошто бев будала што те викнав во репрезентација“!