Ливерпул е најдобриот англиски клуб, односно најдобар во последните 50 години или пола век, според резултатите во елитната лига во Англија која во последните триесетина години се вика Премиер-лига.
Ова е според анализата на „Скај Спорт“, која ги постави “Редси“ на врвот на оваа листа со конечен рејтинг од 3,40 просек по сезона.
И покрај големите успеси со Алекс Фергусон како менаџер, Манчестер Јунајтед сепак заврши на второто место, додека трет е Арсенал. Иако има 8 титули во последните 13 сезони, сепак Манчестер Сити е на осомото место ако се знае дека долго, долго во изминатите 50 години не играше во елитата.
Ова е листата на најдобрите 20 англиски клубови во изминатите 50 години: