Барселона официјално го одложи враќањето на Ноу Камп

180

Тимот на Барселона нема да се врати на реновинаниот Ноу Камп во планираниот термин. Истиот е одложен за првиот викенд во месец фебруари во 2025 година.

Првичниот план беше Барса да се врати дома до крајот на календарската година, но плановите се сменија.

УЕФА има посебно правило во кое се вели дека не смее да се менува стадионот за време на групната фаза од Лигата на Шампионите. А Барса последниот меч од истата го игра на 29 јануари против Аталанта.

Имаше опција тимот да се врати на Ноу Камп за домашните мечеви, а само Лигата на Шампионите да ја одигра на „Монжуик“.

Сепак, тоа би создало многу компликации на организациски план, па од таа идеја нема да има ништо.

 

 

#Тим

М

П

Р

Х

ПретходноЏенова го потврди Виера
СледноКузевски и Јанкулоски нови „Кенгури“ достапни на Македонија