Лаутаро се израмни со Марадона во дресот на Аргентина

123

Репрезентацијата на Аргентина синоќа извојува тесна победа над Перу (1:0) во квалификациите за СП 2026 година. Автор на единствениот гол беше напаѓачот Лаутаро Мартинез, за ​​кого тоа беше 32. гол за репрезентацијата.

Така Мартинез на листата на стрелци на репрезентацијата ги мина Анхел Ди Марија и Гонзало Игуаин и се израмни со легендарниот Диего Марадона. На вечната листа води Лионел Меси со 112 гола, а во првата тројка се и Габриел Батистута (55) и Серхио Агуеро (41). Најблиска цел на Лаутаро е Ернан Креспо кој има 35 гола.

ПретходноПелистер испушти победа против Фредериција (ФОТО)
СледноРадивојевиќ: Штета што не победивме