Лерој Сане секако дека во периодот кој следува ќе биде главната трансфер мета затоа што се работи за едне од најдобрите играчи во светот, а неговиот договор со Баерн Минхен допрва треба да биде продолжен. Дали ќе дојде до тоа или пак Сане ќе замине на друго место пред се во Премиер лигата останува да видиме, а тој во својата последна изјава дипломатски одговори околу неговата иднина.
„Арсенал или Јунајтед? Секако дека ја следам Премиер лигата, но нема да потпишам договор со клуб уште сега во јануари. Среќен сум во Минхен, имам актуелен договор тука, во тек се и преговорите“ – рече Сане.
Сане во моментов има 28 години и е во зенитот на својата кариера. Своевремено замина од Шалке во тимот на Манчетсер Сити, одигра стотина мечеви за овој клуб, па потоа се врати во Германија и потпиша за Баерн.