Саудиска Арабија планира да биде домаќин на Мундијалот во 2034 година, и во таа насока ќе стартува со изградба на убедливо најубавиот стадион на светот. „Крал Салман“ е називот на проектот, кој што би требало да биде готов во 2029 година, а Саудијците со оглед на тоа дека имааат неограничен извор на средства планираат ова да биде нешто што досега светот не го видел.
Секако, самиот објект ќе има пропратни елементи кои нормално ќе бидат само плус на фудбалскиот аспект. Трговски центар, базени, 2500 паркинг места… и секако досега невидена ВИП ложа за потребите на сите оние кои ќе сакаат да бидат дел од фудбалскиот спектакл приреден по повод Мундијалот.
Нормално, ФИФА сеуште не одлучила каде ќе се одржи Мундијалот, но според она што во моментов светот го гледа, Саудиска Арабија ќе биде најголем фаворит за добивање на кандидатурата.
King Salman Stadium, set to open in 2029, will be Saudi Arabia’s largest with a capacity of over 92K 🤩
Designed by Populous, it will be a hub for sports & recreation, serving as the HQ for the Saudi national soccer team and playing a key role in the 2034 FIFA World Cup. pic.twitter.com/olfxGE75Iz
— Sports Business Journal (@SBJ) November 19, 2024