Одбојкарите без Михаилов и Савовски заминаа на „тестови“ со Србија

208

Македонската одбојкарска репрезентација која се подготвува за настап на Европското првенство во септември, по базичните подготовки во Маврово почнува и со контролни натпревари. Денеска нашиот национален тим отпатува за Белград, каде утре и задутре ќе одигра две пријателски средби со најдобрата репрезентација на Србија.

Ова ќе биде извонреден тест за избраниците на селекторот Душко Николиќ, кои полека треба да ја темпираат формата за стартот на ЕП на 1 септември. За жал, Николиќ на овие два меча со Србија нема да смета на комплетниот ростер. Во Белград не отпатуваа младиот среден блокер Филип Савовски, поради семејни обврски, како и искусното либеро Васе Михаилов кој има мала повреда, па мора да продолжи со рехабилитацијата пред да се врати во тренажен процес.

Првиот меч со Србија го играме утре од 19 часот во малата сала на Београдска Арена, а на истото место в петок од 18 часот ќе го одиграме и вториот контролен меч.

Претходно„Меси Манија“: За дрес се чека со часови и во редици долги стотици метри (ВИДЕО)
СледноКостадинов од Кожув е ново засилување за Тиквеш