Денеска од 17 часот нов спектакл во Битола на стадионот “Петар Милошевски“. Уште една средба, по онаа со Вардар, ќе се игра под рефлектори а домашниот Пелистер ја дочекува Шкендија, тим кој што е актуелен лидер на табелата. Ова секако дека ќе биде еден од најинтересните мечеви во ова 15.коло во нашата елитна лига.
За тоа што може да се очекува од Пелистер, свој коментар има асистентот во стручниот штаб на битолчани, Вангел Алтипармаковски:
„Денеска нѐ очекува тежок натпревар против лидерот на табелата, тим кој го респектираме и кој е можеби нај сериозниот кандидат за титулата.Ние сме подготвени максимално, очекувам секој да даде повеќе од својот максимум, па заедно со нашиот 12-ти играч (публиката од трибините) да успееме да стигнеме до поволен резултат“ истакна Алтипамарковски.