Сензационално, ретко кој во тенискиот свет очекуваше ваков потег на најдобриот тенисер во светот. А тоа е дека Новак Ѓоковиќ ќе го именува Енди Мареј за свој нов тренер. Секако дека ова е добар потег на Србинот ако се знае дека шкотскиот тенисер во свое време беше еден од најдобрите во светот, но и поради тоа што важи за добар пријател со Новак.
Мареј ќе му се приклучи на Новак во подготовките за првиот грен-слен турнир во 2025 година, се разбира дека тоа е „Австралија Опен“.
Ова Новак го објави на социјалните мрежи со поставено специјално виде од дел од мечевите меѓу него и Мареј.
“Возбуден што еден од моите најголеми ривали ќе го имам на истата страна од мрежата. Едвај чекам да започне новата сезона заедно со Енди“ ова беа дел од зборовите на Новак.
Инаку Енди Мареј се пензионираше минатото лето.
He never liked retirement anyway. 🙌 pic.twitter.com/Ga4UlV2kQW
— Novak Djokovic (@DjokerNole) November 23, 2024