СпортСпорт во Клаипеда, Марија Ковачева
Македонската кошаркарска репрезентација вечерва (18:30 часот по македонско време) во Клаипеда против Литванија го игра реванш мечот во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2025 година.
По поразот во Скопје, предводникот на нашиот национален тим, Александар Јончевски верува дека можат да одиграат многу подобро, па и да се надеваме на изненадување. Вели дека овие два дена ги искористиле за подготовка за нивната агресивна одбрана, со Ненад Димитријевиќ во нападот ќе биде навистина поинаку.
„Анализиравме во овие два дена што се случуваше во Скопје, ситуациите кои можеме да ги подобриме се секако да одговориме со посилна енергија во текот на целиот меч. Сега нема да биде изненадување околу тоа со каков пристап ќе влезат, спремни сме за тоа, за нивната агресивна одбрана… Со оглед на тоа што ќе го имаме и Димитријевиќ во тимот, верувам дека со тоа ќе се отвори простор и за останатите играчи да имаат поголем придонес и да се докажат. Верувам дека е можно чудо, ние сите се надеваме дека можеме да изненадиме, веруваме дека со некоја промена во стратегијата ќе можеме да се радуваме на крајот“, вели Александар Јончевски.
Нашиот селектор потенцира дека мора да се поправи скок-играта, навдорешните играчи ќе мора да помогнат во тој дел. Најважно е да не падне концетрацијата за да можат неговите момци да одговораат соодветно.