Салах: Повеќе си заминувам отколку што останувам во Ливерпул (ВИДЕО)

100

Мохамед Салах го изрази своето разочарување поради тоа што клубот нема понуда за обновување на нивниот договор кој истекува до крајот на оваа сезона. Крилниот напаѓач дури навести дека моментално е поблиску до разделба со Ливерпул отколку да остане на „Енфилд“.

„Речиси е декември и се уште немам добиено никаква понуда да останам во клубот, па можеби сум повеќе на пат за трансфер одколку за останување во клубот. Знаете дека сум во клубот многу години. Нема друг клуб како него, но на крајот тоа е надвор од моите раце. Како што реков, декември е и сè уште не сум видел ништо за мојата иднина. Ги сакам навивачите и тие ме сакаат мене. Но, на крајот на денот, работите не се ниту во мои, ниту во нивни раце. Да почекаме и да видиме. Секако дека сум разочаран од немањето понуда. Не би излегол да зборувам за тоа, ниту пак планирам да се повлечам наскоро. Само играм и се фокусирам на сезоната. Сакам титула во Премиер лигата но и во Лигата на Шампионите. Разочаран сум, но ќе видиме“, изјави Салах за NBC Sports по драматичната победа од 2:3 над Саутемптон во која постигна два гола.

 

ПретходноПедро Галан предавач на судискиот семинар за футсал судии во Скопје
СледноДе Брујне: Доколку нема преговори, ќе го напуштам Сити