Кошаркарите на Денвер загубија на домашен терен од Њујорк со 118:145, со што го забележаа четвртиот пораз во последните шест натпревари. Најефикасни во тимот на Денвер беа Расел Вестбрук со 27 поени, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ со 22 поени, со седум скока и седум асистенции, додека Џамал Мареј постигна 20 поени. Во тимот на Њујорк Оги Ануноби со 40 поени ги предводеше Никс до победа, а Карл-Ентони Таунс постигма 30 поени.
Атланта на домашен терен загуби од Далас со 119:129 и со тоа го забележа третиот последователен пораз. Далас, кој настапи без повредениот Лука Дончиќ, сепак ги имаше одличните Кајри Ирвинг со 32 поени и Џејлен Харди кој заврши со 23 поени.
Бостон го доби малото дерби со Лос Анџелес Клиперс со 126:94, предводен со по 20 поени од Џејсон Тејтум и Пејтон Причард.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Шарлот – Орландо 84-95
Детроит – Торонто 102-100
Индијана – Њу Орлеанс 114-110
Атланта – Далас 119-129
Бостон – ЛА Клиперс 126-94
Мемфис – Портланд 123-98
Денвер – Њујорк 118-145
Голден Стејт – Бруклин 120-128
Сакраменто – Оклахома 109-130