Новиот Формула 1 тим ќе се натпреварува под името Кадилак Ф1

52

Откако синоќа и официјално беше потврдено дека Формула 1 од 2026 година ќе биде ппбројна за уште еден нов тим, денеска стана познато и името на тимот. Иако имаше шпекулации дека новиот тим во Ф1 ќе се вика Андрети, сепак, официјалното име на тимот ќе биде Кадилак Ф1.

Кадилак како дел од Џенерал Моторс, првично беше технички партнер на Андрети. Сепак, Андрети сега ќе го користи Кадилак како оперативен партнер.

Сè уште не е јасно какви мотори ќе користи тимот во 2026 и 2027 година, но Џенерал Моторс најави дека ќе може да развие сопствен мотор и да учествува во шампионатот како снабдувач на мотори, но не порано од 2028 година. Според информациите, новиот Ф1 тим отпрвин ќе вози со мотор на Хонда или Ферари.

Претходно„САН“: Роналдо ќе мора на суд, му должи пари на пластичен хирург
СледноКарагер: Салах е себичен, што и да му понуди Ливерпул ќе одбие!