Македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски продолжува да блеска во дресот на НЦАА-лигата. Тој беше причината за новата радост на неговиот тим Колорадо, кој славеше против Јукон со 73-72.
Јакимовски на 9,3 секунди до крајот успеа да погоди од тешка позиција за радост во редовите на Колорадо. Зад своето име имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока.