Нов закон ќе ги принуди Манчестер Сити и Њукасл да бараат нови сопственици?

106

Политичар од Лабуристичката партија на Англија подонесе предлог-закон за промена на реформите во англискиот фудбал и додавање забрана за постоење државни клубови во Премиер лигата. Ако законот биде усвоен, тоа би ги принудило Манчестер Сити и Њукасл Јунајтед да ги сменат сопствениците.

Манчестер Сити е во рацете на Обединетите Арапски Емирати, додека Њукасл Јунајтед е сопственост на инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија.

Лабуристичка партија очекува поддршка од мнозинството пратеници во Домот на лордовите, како и одобрение од самата британска влада. Според британскиот весник „Тајмс“ , веројатноста е мала, но нагласува дека неколку премиер клубови инсистирале да се воведе ова правило.

„Ниту еден државен клуб не треба да добие лиценца за работа и секој засегнат клуб мора да ги почитува реформите на новиот закон“, вели лордот Басам за овој предлог-закон.

ПретходноЕкс-напаѓачот на Баерн (М) потпишува за Њујорк Ред Бул
СледноГвардиола: Не знам дали Ливерпул е најдобриот тим во светот, но секако е меѓу најдобрите