Грчевски за премиерниот пораз: Добро почнавме, но потоа правевме многу технички грешки

86

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска (28-18) ги почна настапите на Европското првенство. Синоќа во Дебрецин нашите девојки смао во првите минути од мечот успеваа достојно да им парираат на фаворитките. На прес-конференцијата по средбата, селекторот на нашиот национален тим, Кристијан Грчевски, го прокоментира настапот на првата средба на првенството.

„Имавме добар настап на стартот од натпреварот, но потоа направивме многу технички грешки и промашивме многу чисти ситуации. Тоа секако беше и причина за конечниот резултат“, вели Грчевски.

Македонија денеска е слободна, а веќе утре од 20.30 часот ја очекува натпревар против селекцијата на Турција, која исто така беше поразена во првиот меч од селекцијата на Унгарија.

ПретходноТотален колапс: Играчите на КК Работнички се огласија за очајната состојба во клубот
СледноМакедонија доби организација на европското кошаркарско првенство за кадети (Б дивизија)