Главчев и Павлов се нови членови на Управниот Одбор при КФСМ

99

Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на Македонија денеска и официјално е проширен две нови имиња кои се докажани во овој спорт. Станува збор за Томица Главчев кој по неколкугодишна пауза се враќа во македонската кошарка, но овој пат како дел од Управниот одбор.

Главчев е познат бизнисмен од Гевгелија, кој долго време беше на чело на Кожув, тој беше сопственик на тимот на Блокотехна кој имаше успешна приказна и беше дел од полуфиналето во плеј-офот и финалето во Купот на Македонија, стана еден од македонските тимови кој го подигнал пехарот во БИБЛ-лигата. Главчев беше дел од спонзорите во МЗТ Скопје, кога тимот од Аеродром настапуваше во АБА-лигата.

Кошаркарската федерација во него доби човек кој секогаш работел за добро утро на овој спорт и најважно има јасна визија. Покрај Главчев нов член е и Александер Павлов, долгогодишниот македонски судија, кој исто така има искуство во овој спорт.

ПретходноФИБА доживотно суспендира србин поради местење на натпревари
СледноЕкс-напаѓачот на Баерн (М) потпишува за Њујорк Ред Бул