Уште една убава, квалитетна, одлична партија на нашиот најдобар кошаркар Ненад Димитријевиќ. Овојат вечерва во Истанбул против Фенербахче во меч од 12.коло во Евролигата. Неговиот Милано славеше со 91:85, а Нено постигна 15 поени, имаше и два скока и четири асистенции за 19 минути колку што мина на паркетот. Македонскиот кошаркар после Миротиќ и Ледеј беше најдобриот поентер во победничката екипа.
Нема што, Нено и тоа како докажува и покажува дека е голема ѕвезда и во најсилната лига во кошаркарска Европа.
Ова за Милано е шеста победа а за Фенер само трет пораз кој до ова коло беше лидер на табелата во Евролигата.