Мицевска пред Турција: Ќе го оставиме срцето на терен за да победиме!

81

Македонската женска ракометна репрезентација цели 16 години нема победа на Европските првенства. Ако се земат во предвид најавите од нашиот најдобар национален тим, серијата на порази треба да заврши вечерва.

Турција е најреалната шанса за црвено-жолтите“ да дојдат до првиот триумф на ЕП 2024 година. Станува збор за противник за кого ова е прво учество на континенталните натпреварувања, факт кој има позитивни и негативни страни. Турските ракометарки немаат искуство на ЕП, но од друга страна и тие на нас гледаат како шанса да дојдат до историска победа.

Македонија зад себе го има убедливиот пораз од Шведска, додека пак Турција од Унгарија. Во нашиот состав на првата средба најсветла точка беше Јована Мицевска која запиша 11 интервенции.

Репрезентативниот голман не крие дека акцентот на подготовките бил ставен токму на мечот со Турција.

„За време на нашите подготовки, главниот фокус го ставивме на Турција и верувам дека сме подготвени да дадеме се од себе и да го оставиме срцето на теренот за да дојдеме до победа. Ќе мора да играме максимално од првата до последната минута. Победата ќе ни донесе уште поголема самодоверба пред подготовката за финалниот натпревар против Унгарија“.

Натпреварот меѓу Македонија и Турција е закажан со почеток во 20:30 часот во „Феникс Арената“ во Дебрецин.

ПретходноСтигна лоша вест за навивачите на Ливерпул
СледноРоденденската честитка на Гвардиола до Барселона е хит, покажа нов талент (ВИДЕО)