Работнички му одржа лекција на Пелистер и го втурна во криза (ФОТО)

194

Работнички и Пелистер одиграа доста интересен натпревар во рамките на осмото коло во Првата лига. Победник од оваа пресметка излезе домашниот тим кој славеше со 84-70. „Црвено-белите“ практично го втурнаа во криза битолскиот состав за кого ова е втор пораз во низа, претходно беше шокиран од Шкупи.

Со оваа победа Работнички се искачи на четвртото место кое до овој дуел му припаѓаше на Пелистер.

Полутак со 28 поени и 14 скока беше лидер кај домаќинот, каде 15 поени имаше Капетановиќ, додека 14 поени и 12 скока имаше Хот. На другата страна Стајиќ имаше 20 поени.

Иако најтрофејниот кошаркарски колектив се соочува со финансиска криза, сепак на оваа средба имаа ново засилување. Станува збор за Немања Капитеновиќ, кој игра на крилната позиција.

Работнички добро влезе во натпреварот, доминираше во првото полувреме, водеше со 43-34 на одморот, а најголемата позитива која ја имаше на оваа средба беше 12 поени. На стартот на третата четвртина избраниците на Горан Самарџиев поведоа со 48-36. По последните двоцифрени 50-39, гостите со серија од 10- дојдоа на минус еден поен негатива (50-49), но домашните кошаркари не им дозволија да поведат.

Во продолжение беше вистинска резултатска бркотница на теренот, битолчани притискаа во одбидот да дојдат до победа. Но, на другата страна Работнички добро знаеше како да ја сочува позитивата, на нецели три минути до крајот беше 78-67. Ова беше повеќе од доволно за да кошаркарите на скопскиот тим победнички го привршат мечот.

На втората средба од истиот термин, Чаир го победи Тиквеш со 79-70.

ПретходноЧаир и МКК Куманово со нови победи
СледноПеп за првпат во кариерата загуби четири првенствени натпревари по ред