Актуелниот светски шампион отворено изјави дека ја „изгубил секоја почит“ кон возачот на Мерцедес поради неговото однесување во судиската соба. Расел и Верстапен имаа мал момент за време на квалификациите за ГП на Катар кога Верстапен беше обвинет дека вози непотребно бавно во текот на завршните кругови.
Инцидентот се случи на свиокот 12, каде Расел беше принуден да реагира остро за да избегне судир со Верстапен. Во тој момент, Холанѓанецот се обидуваше да остави празнина меѓу себе и автомобилот напред преку тројниот десен свиок.
Верстапен, секако, беше огорчен поради казната што му беше досудена и тврдеше дека дал се од себе да не ги наруши подготовките на другите возачи.
Според него, објаснувањата што ги изнесе пред судиите не биле разбрани.
„Едноставно не можев да верувам дека добив казна. Но, од друга страна, ни јас не бев изненаден со оглед на светот во кој живеам. Не сум среќен поради тоа, но на крајот треба да го преболите“, изјави Верстапен.
Тој додаде дека ова е првпат некој да биде казнет за бавен круг, нагласувајќи дека се обидувал да биде внимателен кон другите возачи.
„Се обидов да бидам фин, но можеби и не требаше. Не сакав никому да го расипам кругот, но очигледно тоа не беше доволно. За време на разговорот во судиската соба, Верстапен остана запрепастен од развојот на настаните и однесувањето на Џорџ Расел.
Беше многу разочарувачки бидејќи сите покажавме взаемна почит во овој спорт. Сепак, ова е прв пат да почувствувам дека некој се обидува толку силно да ме саботира. За мене тоа е моментот кога изгубив секаква почит кон него”, заклучи Верстапен.