Македонскиот репрезентативец и интернационалец во тимот на Видеотон, Никола Серафимов, се најде во тимот на колото во шампионатот на Унгарија по трумфот на гостински терен над тимот на Залаегерсег.
Серафимов одигра супер меч, тој и неговите колеги од одбраната не дозволија да примат гол, и ги задржаа во целост противничките напаѓачи.
Некогашниот младинец, а потоа и првотимец на Вардар со успех настапува веќе неколку сезони во шампионатот на Унгарија, а со оглед на фактот што има супер минутажа и во националниот тим никого нема да зачуди ако наскоро се најде во некоја посилна лига.