Дејан Георгиевски и неговиот тим беше присутен на денешната прес-конференција на Македонскиот олимписки комитет по повод настапот на нашите спортисти на Олимпијадата во Токио.
Георгиевски освои сребрен медал во Токио што е највисоко одличје на еден македонски спортист од осамостојувањето на државата, а тој вети дека ќе го претвори овој сребрен медал во златен на Игрите во Париз 2024 година.
„Голема благодарност на цела Македонија, но и на сите со кои бевме во Токио. Се развија големи пријателства помеѓу сите спортисти. Најавив дека одам на медал и тоа го остварив. Емоциитете полека стивнуваат и веќе почнавме со подготовки за следните натпреварувања.
Почнав да собирам поени за следните ЛОИ во Париз, каде што ќе сторам сѐ среброто од Токио да го претворам во злато. До крајот на годината нѐ очекува и Светското првенство во Кина, каде што исто така одиме на најдобар можен резултат“, вели Георгиевски.