Еден од најважните кошаркари во составот на Милвоки Бакс од минатата сезона, Крис Мидлтон е подготвен да се врати на теренот.
Ѕвезата на Бакс својот прв натпревар оваа сезона ќе го одигра во петок против Бостон на гости, пренесува инсајдерот Боби Маркс.
Мидлтон го пропушти почетокот на сезоната откако имаше вонсезонски операции на двата зглобови. Последниве недели ја зголемил активноста на тренинзите и учествуваше во натпревари 5 на 5.
Мидлтон минатата сезона имаше просек од 15,1 поен, 5,3 асистенции и 4,7 скока и неговото враќање особено ќе го израдува Адетокумбо кој добива уште еден силен партнер во првата петорка.