По голема борба до самиот крај на мечот, репрезентацијата на Франција ја оправда фаворитската улога и славеше над Романија со 30:25 во едне од двата вечерни дуели во втората фаза на Евро 2024. Романките одлично се држеа се до 45 минута кога беше нерешено, по што Франција го засили темпото и направи разлика која на крајот беше доволна за нова победа.
Валентини со 6 гола ги предводеше Французинките до триумф, додека кај Романија Базалиу заврши како најдобра на таренот со 7 гола.
Ракометната репрезентација на Словенија вечерва не успеа да ја продолжи победничката серија започната со триумфите над Словачка и Австрија во Инсбрук. На стартот на втората фаза, Словенија вечерва потклекна пред Холандија, која на крајот славеше со 26:22. Главната предност за победа, „лалињата“ ја направија во првиот дел кој го добија со 14:10. Словенија во вториот дел беше во егал, но не успеа да се врати во финишот.
Малестајн со 6 гола беше предводник на Холанѓанките, додека кај Словенија 6 гола постигна Станко.