Серијата лоши резултати на Реал продолжи против Атлетик беше совладан со 2:1. Тоа беше петти пораз во последните 11 натпревари на мадридскиот гигант, а дојде со уште една лоша партија на Килијан Мбапе. Но, ситуацијата наскоро може да се промени, вели Ас, откривајќи што се случило по натпреварот.
„Сè уште во соблекувалната, додека атмосферата беше на најниско ниво, Мбапе разговараше индивидуално со некои истакнати играчи на тимот. На секој од нив му го кажа истото. Се извини и ја покажа својата желба да стане вистински лидер на новата проект“, пишува Ас. „Нешто се случи, овој меч е пресвртница во кариерата на Мбапе во Реал“, се нагласува во текстот и се открива дека францускиот напаѓач по поразот оставил белешка на лист хартија на масата на која пишувало: „Ќе покажам кој сум .
Во клубот веруваат дека Мбапе ќе стане лидер во тимот и покрај тоа што промаши два пенали во последните три меча.
„Ненадејната и решителна промена на ставот на Мбапе беше многу добро прифатена во највисоките сфери на клубот, но пред се во соблекувалната. Тоа беше порака што потврдува дека Мбапе може да биде лидер на тимот“, наведува Ас и потсетува на Двата промашени пенали на Мбапе во последните три натпревари и премногу нереализирани добри шанси.
Мбапе постигна 10 гола на 20 натпревари во дресот на Реал, но беше меѓу послабите играчи на големите натпревари кои завршија со пораз.