Иако конечно заврши лошата серија на Манчестер Сити без победа, сепак, траумите остануваат што се вели. Сити победи против Нотингем Форест со 3:0 и со тоа е сопрена серијата од седум меча без победа.
Менаџерот Пеп Гвардиола беше под голем притисок, се пишуваше се и сешто, а сега откако полека работите се смируваат, нов шок за шпанецот.
Во јавноста излезе снимка на која тој се конфронтира со навивач на Ливерпул по дуелот одигран на 1 декември. Навивачот нормално, со усна провокација кон Пеп, кој што со свој соработници минуваше покрај него, и на огромно изненадување на сите, реагираше бурно.
Се обиде физички да се пресмета со навивачот но за среќа беше спречен од луѓето околу него.
— Spion Kop (@TheKopHQ) December 6, 2024