Тимот на Е.Пелистер во последното коло од Лигата на Шампионите, на домашен терен го совлада тимот на Висла Плоцк. Салата во Битола како и секогаш беше преполна, атмсоферата на ниво, а „Чкембарите“ беа што се вели играч повеќе за Е.Пелистер.
Па така, овој момент не остана незабележан ниту за претставниците на ЕФХ, кои денеска на својот профил споделија неколку слики од атмосферата на овој дуел, со коментарот дали се ова најдобрите навивачи во ракометната Лига на Шампиони.
Секако, ова е голем плус за нашиот претставник во елитното ракометно натпреварување, како и за неговите навивачи. Ракометната култура во Битола е присутна со децении, негувана од генерации навивачи, па тоа нормално дека ќе биде забележано од секој кој што е присутен барем на еден меч во салата „Боро Чурлески“.
Best fans of the #ehfcl?
🇲🇰 𝗛𝗖 𝗘𝘂𝗿𝗼𝗳𝗮𝗿𝗺 𝗣𝗲𝗹𝗶𝘀𝘁𝗲𝗿 🇲🇰 pic.twitter.com/WFWor0wKhp
— EHF Champions League (@ehfcl) December 6, 2024