Без главните ѕвезди во составот Пелистер го демолираше Бисинов

300

Само два дена после победата против Висла за шестото место во ЛШ, Пелистер го одигра дуелот против Бисинов во рамките на 14-то коло во Супер-лигата, славеше со убедливи 4531. Раул Алонсо одлучи да ги одмори сите лидери во составот и да им даде шанса на домашните играчи, од странците се најдоа Борзаш и Цехте, како и голманот Ивиќ.

Ненад Костески и Цветан Кузманоски со по шест гола беа лидери кај победникот, на другата страна шест погодоци имаше Ончев.

Токму ова беше причината поради која гостите беа рамноправен противник во голем дел од мечот, поточно до пред 40-та минута. Отворија со 3-1, водеа со 3-5 и 7-9. Сепак ова не треаше долго, па Пелистер го превзема водството, на одморот позитивата беше 21-19.

Веќе во вториот дел сликата се промени. Со серија од 8-0, домаќинот поведе со двоцифтрни 32-22 и ја најави победата број 12 пред дербито со Вардар 1961. До крајот беше чиста формалност.

Пелистер има скор од 12 победи и два порази, додека за Бисинов ова беше 11 пораз, има реми и две победи.

ПретходноДончиќ: Нормално дека ќе играм за Словенија на Евробаскетот 2025
СледноСтојановиќ освои злато во Светската 1 Премиер лига во карате