Утринава се одиграа седум натпревари во најсилната кошаркарска лига во светот, во НБА. Најинтересно беше во Атланта, каде истоимениот домашен тим успеа да го победи составот на ЛА Лејкерс со 134:132 и тоа по продолженијата. Победничките поени беа дело на извонредниот Тре Јанг и во последните секунди од средбата. Јанг мечот го заврши со 31 поени и 20 асистенции.
Кај поразениот тим на Лејкерси се истакна како по обичај Леброн Џејмс со нов трипл-дабл, 39 поени, 10 скокови и 11 асистенции, додека Дејвис заврши со 38 поени.
Србинот Богдан Богдановиќ со нов рекорд. Имено тој во дресот на Атланта успеа да дојде до бројката од 100 меча во низа во НБА на кои постигнува три поени. Со тоа тој е на четврти играч историјата кој дошол до ваков успех.
На останатите средби постигнати се слените резултати:
Филаделфија – Орландо 102:94, Бостон – Милвоки 111:105, Чикаго – Индијана 123:132, Сан Антонио – Сакраменто 113:140, Голден Стејт – Минесота 90:107, Портланд – Јута 99:141.