За првпат по скоро 8 години, Бетис успеа да спаси „жива глава“ на домашен терен против екипата на Барселона и да извлече реми со гол во 94. минута. „Зелено-белите“ и денеска беа пред пораз на свој терен, откако Каталонците имаа водство до 2:1 се до последните минути на мечот.
Барселона поведе во првото полувреме со голот на Левандовски, а во првите десетина минути од второто полувреме, Ло Селсо со гол од пенал донесе прво израмнување на средбата. Торес по асистенција на Јамал во 82. минута повтор ја врати Барса во водство (1:2), но домашните искористија шанса во минутите од продолжението и преку Диао успеаја да израмнат за конечни 2:2.
Со тоа Бетис за првпат по 2017 година и осум последователни домашни порази на натпреварите против барселона, успеа да остане непоразен.