Ретклиф: Манчестер Ј. стана просечен клуб

691

Новиот сопственик на Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф проговори за уназадувањето на клубот во последните години и постојаното каскање зад најдобрите во Премиер лигата.

„Клубот долго време беше во немилост, околу десет години. Манчестер Јунајтед стана просечен клуб. Не е на елитно ниво, иако треба да биде еден од најдобрите клубови во светот. Така беше под Алекс Фергусон. За да го вратиме тој елитен статус, мораме да направиме големи промени. Веќе има огромни промени во овој клуб“, изјави косопственикот на Манчестер Јунајтед.

ПретходноГостивар ја прекина серијата порази со триумф над Шкупи
СледноГРК Охрид без проблем против Прилеп, триумф за Пролет!