ГРК Охрид без проблем против Прилеп, триумф за Пролет!

67
Фото: ГРК Охрид/Фејсбук

ГРК Охрид и Прилеп го затворија 14-то коло во Супер-лигата. Победник од оваа средба излегоа охраиѓни кои славеа со убедливи 38-28. Избраниците на Стевче Алушовски фаворитската улога ја оправдаа во вториот дел, откако после првото полувреме имаа предност од 19-16.

Тасевски со девет гола беше лидер во редовите на домашниот тим каде Цирар запиша седум погодоци. Кај поразниот тим Рајатовски реализираше шест гола.

ГРК Охрид останува на четвртото место на табелата зад Пелистер, има скор од 11 победи и три порази. Што се однесува до Прилеп ова беше седми пораз сезонава.

Пролет дојде до убедлива победа на домашен терен против Струга, откако славеше со 38-26. За Пролет ова беше петта победа, има три ремија и шест порази.

Стојановски со шест гола беше прв стрелец, на другата страна Димковски имаше пет погодоци. Кај гостите за кого ова беше 12-ти пораз, Костоски имаше осум гола.

ПретходноРетклиф: Манчестер Ј. стана просечен клуб
СледноЈуве во 92. минута се спаси од пораз со Болоња