Јетон Беќири: Тешко е да се игра без публика, Шкендија немаше среќа во пресудните моменти!

421

Шкендија сепак не е есенски првак. Иако во последното есенско коло влезе со +2 бода во однос на конкурентите, тетовци не успеаја да слават против Гостивар, дербито заврши со 0:0 и со тоа му “овозможија“ на Силекс презими како лидер на табелата.

Јетон Беќири, стратегот на Шкендија за дуелот со Гостивар има свој коментар:

Мислам дека беше добар натпревар против една од најдобрите екипи во македонската лига. Мојот впечаток по натпреварот е дека доминиравме на натпреварот, имавме чисти шанси за гол. Во решавачките моменти ни недостасуваше малку среќа.денеска. Не е лесно да се игра ваков натпревар на „ладен“ стадион и без навивачи. Сепак, не изостана мотивацијата и посветеноста на фудбалерите. Сега што се однесува до создавањето на шанси, фудбалот е таков, понекогаш се создава, се случува и да се губат шанси, но сето тоа е дел од играта“ посочи Беќири.

Напролет и тој очекува жестока битка за титулата:

Мислам дека трката за титулата ќе биде многу интересна и неизвесна. Како што беше минатата година помеѓу три екипи, така и оваа сезона мислам дека ќе има 5 натпреварувачки екипи и тоа ќе го отежне натпреварувањето уште повеќе. Но, верувам дека ова е добро за првенството и за нас како тим. Верувам дека со добри подготовки напролет ќе бидеме посилен тим отколку што бевме во есенската полусезона“.

ПретходноЕП 2024: Франција и Унгарија си обезбедија полуфинале!
СледноЛацио победнички под Везув!