Каква лудница од натпревар? Какво лудило на “Ванда Метрополитано“ вечерва во меч од 16.коло во Ла Лига. Атлетико Мадрид победи со 4:3 против Севиља, а во 57.минута гостите водеа со 1:3. Но момците на Чоло Симеоне не се предаваа, веруваа во себе и ете, тоа им се врати.
Херој е Антоан Гризман со победнички гол во 90+4.минута.
Домашните поведоа со голот на Де Пол во 10.минута. И тогаш на сцена стапија гостите од Севиља, Лукебакио, Ромеро и Санчез стрелаа за 1:3.
Сепак, “јорганџиите“ заиграа како штѕо треба и бодрени од преполните трибини на “Ванда Метрополитано“ дојдоа до 4:3. Гризман, Лино и пак Гризман во 90+4. за еуфорија кај домашните фанови, за крај на овој спектакл.
Сега Атлетико Мадрид има 35 бода, еден помалку од Реал и три помалку од Барселона. Треба да се каже дека двата клуба од Мадрид имаат меч помалку одиграно од Барса.
Каква ли само битка на титулата може да се очекува.
El de siempre dándonos la victoria del año.
Hay que hacerle una estatua a Griezmann lo antes posible. pic.twitter.com/o52opKAY8o
— Don Oblak (@DonOblak) December 8, 2024